Среќни сме да ви го претставиме нашето ново лого како дел од нашата нова развојна стратегија.
Ова е СинАг, но не како што светот не видел до сега!
Нашиот бизнис порасна и еволуираше во последниве 27 години работа и поради тоа почувствувавме дека е време за промена. Го обновивме нашето лого за да претстави кои сме ние денес и што симболизира нашата иднина.
После внимателно истражување и долга работа, го избравме нашето ново лого кое покажува помодерен изглед и се приближува се повеќе кон нашата визија за јакнење на брендот и оддржување на нашата позиција како една од водечките текстилни компании во регионот.
Симболот на нашето лого е ткаенината одблизу и покажува колку ние сме фокусирани на развојот на нашите производи од самиот почеток. Секогаш нашиот фокус е квалитетот на ткаенините од кои ги создаваме нашите производи.
Боите ги задрживме од старото лого со цел да си ја задржиме нашата традиција и од каде потекнува нашиот бренд.
Ова ребрендирање е дел од нашата целокупна комуникациска и маркетинг стратегија која се стреми кон модернизација. Нашата цел е да се поврземе со нашите потрошувачи на подлабоко ниво, обезбедувајќи им подобро искуство.
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.