Во зимскиот период сакаме нашите кревети да бидат натрупани со повеќе перници, кадифени ќебиња, јоргани и многу многу слоеви. Но, со доаѓањето на летото и славното топло време, подготвени сме да ги исфрлиме сите слоеви. Еве неколку корисни идеи како да ја разубавите вашата спална соба во летните денови.
Време е да ги ставите настрана вашите ќебиња и јоргани. Постојат многу различни простори за складирање на зимските работи. Практичните начини би биле фиоките под креветот или пак некоја полица високо во вашиот плакар, но покреативен начин може да биде пренаменување или свежо насликување и украсување на некој стар сандак во кој може да се сокријат вашите зимски постелнини, јоргани и ќебиња. Пред да ги складирате и да ги тргнете настрана сите зимски работи, завиткајте ги во памучен чаршаф или памучна навлака за јорган за да можат да дишат. Не пластика, ве молиме!
Нашиот фантастичен комплет на сатенски постелнини Миленија е изработен од 100% сатен памук кој има висока пропустливост на воздух и обезбедува поладно чувство за спиење погодно за жешките денови. Тие, исто така може да се искомбинираат и со нашите летни прекривачи со многу мека текстура и можат да бидат фокусна точка за светол декор.
Тајната за прекрасно уредена спална соба е во слоевите. Па така, лежерно ставен фротирскиот прекривач Ангела на крајот од креветот ќе додаде дополнителна текстура на самиот кревет, а и ќе се најде ако ви залади. За лето, изберете нешто со неутрален изглед, како да сте на плажа. Прекривачот Ангела е баш таков со елементи на школки и морски ѕвезди и пастелни бои.
Класичната сина боја, боја на годината е безвременска и издржлива. Размислете да додадете декоративни перничиња во оваа богата сина боја. Нашите декоративни перничиња со модерни дезени може да ви стават акцент на креветот и да ја освежат целата атмосфера во спалната соба.
За лето, може да размислите за некои нежни цветни завеси кои ќе ја разубават спалната соба и ќе ја филтрираат сончевата светлина. Спротивно на ова, ако сте од оние луѓе на кои им смета силната сончева светлина може да ставите цветни драпери кои ќе ја затемнат собата. За совршен финален допир, нема да погрешите ако во вазна ставите свежи цвеќиња кои ќе ви донесат многу позитивна енергија.
Имате прекрасен летен простор што би сакале да го споделите? Означете не на Инстаграм или користете го хаштагот #sinagtextile
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.